3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоловина автомобили во светот во 2021-ва година ќе се кинески

Половина автомобили во светот во 2021-ва година ќе се кинески

made kina kola

Производството на автомобил во Кина ќе расте со голем темпо во следните неколку години, прогнозираат експертите на агенција „IHS Automotive“, според кои во 2021-ва година половина од возилата во светот ќе се произведуваат токму во Кина.

Само минатата година во Кина се произведени над 22 милиони возила. А вкупно во светот нивниот број бил 87 милиони. Експертите предвидуваат дека светското производство на автомобили да се зголеми за околу 21 милиони возила во наредните 7 години, што значи дека во 2021-ва година во Кина ќе се произведуваат над 50 милиони автомобили годишно.

Од 2009-та година па наваму, светското производство на автомобили порасна за околу 25 милиони единици.

И додека прогнозите за најголемиот автомобилски пазар во светот се повеќе од позитивни, очекувањата за Европа за прилично умерени. Експертите посочуваат дека пазарот на „Стариот континент“ ќе се обнови од рецесијата, па за оваа година се очекува раст во производството на автомобили од околу 1 %. Во периодот од 2015-та до 2017-та растот ќе достигне 4 %, благодарение на раздвижување на домашните пазари и на извозот на автомобили за САД и Кина.

Доста песимистичка е прогнозата на „IHS Automotive“ за автомобилската индустрија на Јужна Кореја и Јапонија. Иако не даваат конкретни бројки, експертите очекуваат во овие земји да се произведуваат се помалку автомобили поради нивната силна валута. Токму затоа локалните компании ќе го фокусираат своето производство во други земји.

Прогнозата на „IHS Automotive“ за Северна Америка предвидува раст во производство на автомобили, воден од странски инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП