6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus ја претстави својата верзија на E63 AMG со 850 КС (фото)

Brabus ја претстави својата верзија на E63 AMG со 850 КС (фото)

brabus 850

И на обичниот „Mercedes Е63 AMG“ не му недостасува моќ, но оваа верзија на „Brabus“ ги поминува некои од границите на пристојното.

brabus 8501

Тјунинг компанијата ја претстави својата верзија на моделот со 850 КС, но покрај моќта тука е и неговата специфична убавина. Седанот изгледа прилично повеќе „лут“ од претходно, а за тоа е  заслужен бодикитот од карбон на предниот спојлер и повеќе спортскиот заден дифузор.

brabus 8502

На овој автомобил се вградени 20-инчни бандажи од „Monoblock“ со гуми на „Continental“, „Pirelli“ или „Yokohama“. Од „Brabus“ нудат и посебен интериер од квалитетна кожа и карбонски елементи. Но сето тоа се само козметички промени.

brabus 8503

Вистинската трансформација е под хаубата, каде се наоѓа V8 мотор, кој од  5.5-литарски сега е со зафатнина од 5.9 литри и е со ковано коленесто вратило, клипови и тепал, како и со оптимизирани цилиндрични глави.

brabus 8504

„Brabus“ нуди и нов колектор, подобрени турбополначи, „high-performance“ издувниот систем и оптимизиран „ECU“ модул.  Па така стигнале и до предметните 850 КС и 1150 Nm вртежен момент.

Тие поминуваат низ 7-брзински „MCT SPEEDSHIFT“ менувач, а „E63 AMG Brabus“ од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,7 секунди, додека максималната брзина е 350 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП