8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S5 со подобра продажба од Galaxy S4 во првиот месец

Galaxy S5 со подобра продажба од Galaxy S4 во првиот месец

vs galaxy

„Ѕamsung“ соопшти дека за време на својот деби месец, смартфонот „Galaxy S5“ значително го надмина својот претходник „Galaxy S4“ според продажбата. Во рамките на овој период се продадени повеќе од 11 милиони примероци од моделот „S5“, додека „S4“ имал 10 милиони продажби во првиот месец.

Шефот на мобилниот бизнис на „Samsung“, Џеј Кеј Шин, изјави дека верува дека добрата продажба на „Galaxy S5“ ќе доведе до повисоки маржи на профитот и зголемување на пазарниот удел на пазарот на мобилни уреди во рамките на кварталот. Најдобра продажба е констатирана на развиените пазари, вклучително и во САД, Австралија и Германија.

„Мина месец, откако почнавме да го продаваме „S5“, а неговата продажба е многу подобра, отколку на „Galaxy S4“, посочува Шин.

Со цел зачувување на добрите резултати, „Samsung“ планира да лансира други верзии на телефонот во следните месеци во неколку различни земји. Покрај тоа, во јуни ќе ја објави и нова палета на таблети.

Податоците покажуваат дека бизнисот со паметните телефони на технолошкиот гигант може да ја поврати динамиката, откако во првиот квартал на 2014-та година загуби удел на пазарот.

Беспомошна конкуренција меѓу производителите на мобилни телефони станува уште посериозна. „Huawei“ и „Lenovo“ прават чекори на нови пазари и нудат поевтини уреди. Токму тоа се смета за главна причина за загубата на пазарниот удел од страна на „Samsung“, како и континуираното ривалство на компанијата со „Apple“.

Јужнокорејската компанија забележа пониски финансиски резултати во последните два квартали. Во првиот квартал „Samsung“ забележа оперативна добивка од 8,2 милијарди долари, што значи и пад за 3,3% во однос на истиот период една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП