Познатиот производител на чипови, АRМ, верува дека паметните телефони наскоро ќе бидат достапни за сите. Имено, иако веќе сега е можно да се направи смартфон за 18 евра кој ќе работи на Фајрфокс оперативен систем, оваа компанија очекува дека телефони со Андроид по цена од 15 евра ќе бидат достапни за неколку месеци.
Со моменталната технологија и начинот на производство не е возможно да се направи паметен телефон кој ќе биде поевтин од 15 евра, тврди АRМ.
Хардверот кој ќе го поседуваат овие уреди ќе биде најскромен и нема да може да се спореди ниту со моментно најслабите паметни телефони.
Ќе има еднојадрен Cortex-А5 процесор и 2.5 G (ЕDGЕ) технологија за поврзување. Овие модели нема да имаат врвни перформанси.
Но затоа, оние кои се уште користат само повици и пораки, наскоро на дофат ќе имаат интернет и социјални мрежи.