3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМафијата пере 140 милијарди долари годишно од спортско обложување

Мафијата пере 140 милијарди долари годишно од спортско обложување

sportmafia

Организираниот криминал во светот „пере“ преголеми суми преку обложување на резултати од спортски натпревари. Овие резултати беа објавени од истражувањето спроведено од Сорбона во Париз, заедно со Центарот за безбедност во спортот со седиште во Катар.

Од податоците на истражувачите, стана јасно дека околу 140 милијарди долари годишно се перат преку обложување на сите видови спорт.

Само во 2013-та година има сомнежи за десетици илјади случаи за местење на спортски настани, пишува „Вашингтон пост“.

Истражувањето на Сорбона и Центарот за безбедност во спортот траеше повеќе од две години и во него учествувале 70 од водечките експерти во оваа област.

Тие тврдат дека над 10 % од валканите пари на мафијата во светот се перат на овој начин. Специјалистите нудат да се воведат построги мерки во борбата со нелегалното обложувње и корупцијата во спортот.

„Организираниот криминал ја краде душата на спортот. Треба да го спасиме, така што ќе ја изнесеме битката од терените и трибините и да ја пренесеме на улиците. Токму таму се наоѓаат луѓето во сенка кои ја уништуваат чесноста во спортот и влијаат врз исходот и резултатите од него“, изјави Крис Ејтан, претседател на Центарот за безбедност во спортот и поранешен висок службеник во ФИФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП