28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony продаде 39,1 милиони Xperia телефони за една година

Sony продаде 39,1 милиони Xperia телефони за една година

sony mony3

Фискалната година за јапонските компании заврши на 31-ви март, а овие денови од земјата на изгрејсонцето ни пристигнуваат разултатите за последната година.

„Sony“ ги објави своите резултати во кои се покажа дека компанијата и натаму губи пари, а извршниот директор Казуо Хираирече дека тоа ќе продолжи и во следниот период.

Што се однесува до телефоните, „Sony“ може да се пофали со сосема добри бројки, но треба да се потсети дека фактички комплетниот профит на пазарот на смартфони го земаат „Samsung“и„Apple“. Овој производител во фискалната година продал 39,1 милиони смартфони „Xperia“, што е значтиелно зголемување (дури за 20%) во однос на претходната година, кога имаа продадено 33 милиони примероци од „Xperia“.

Во „Sony“ се многу оптимисти кога станува збор за прогнозата и веруваат дека во финалниот квартал од оваа календарска година ќе успеат да продадат дури 50 милиони смартфони.„Sony Xperia“ телефоните секако успеаа да се пробијат на пазарот, како со самото присуство, така и со квалитетот, а останува да се види кога промените кои ги вршеше „Sony“ на сите полиња ќе успеат да се пренесат во позитивни бизнис резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП