4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Megan RS 275 Trophy зa враќање на тронот (фото)

Renault Megan RS 275 Trophy зa враќање на тронот (фото)

megane tro

Кога едно време сте на врвот, сите сакаат од таму да ве тргнат. По падот, враќањето на првата позиција е императив за секој шампион.

„Renault“ ја претстави подобрената верзија на спортскиот модел „Megane RS Trophy“. Во компанијата тврдат дека, благодарејќи на овој автомобил, владеењето на моделот „Seat Leon Cupra 280“ како најбрз сериски автомобил со преден погон на Нирбургринг, наскоро ќе биде завршено.

megane tro1

Францускиот производител откри дека зад проектот „#UNDER8“ се крие нов, подобрен „Megane RS Trophy“. Автомобилот ја доби ознаката „275“, со што се нагласува дека познатиот четирицилиндарски 2.0 литарски турбо-бензински мотор наместо 265, сега има 275 ks (202 kW).  Максималниот вртежен момент остана непроменет и изнесува 360 Nm (при 3.000-5.000 o/min).

„Renault“ за сега не ги открива перформансите на овој автомобил, но тврди дека „Megane RS 275 Trophy“ е во состојба да помине круг на патеката Нирбургринг за помалку од 8 минути. Со оглед дека „Seal Leon Cupra 280“ на истата патека забележа резултат од 7 минути и 58,44 секунди, се очекува дека „RS 275“ ќе го надмине ова време.

megane tro2

Неофицијални информации говорат дека „Megane“ е во состојба резултатот на познатата патека да го намали на дури 7 минути и 45 секунди. Да откриеме колку овие шпекулации се вистинити ќе мораме да почекаме до 16-ти јуни, кога „Renault“ ќе го објави точниот резултат.

Покрај дополнителните „коњи“, перформансите на „Meganе 275 RS Trophy“ подобрени се и благодарејќи на титаниумскиот издувен систем на компанијата „Akrapovič“, кој меѓу останатото е полесен од досегашниот.

megane tro3

Автомобилот стандардно е опремен со диференцијал за ограничено пролизгување, а како опција е достапна подобрена суспензија со „Öhlins Road & Track“ амортизерите.

„Megane 275 RS Trophy“ е опремен со 19-инчни алуминиумски бандажи, а со доплата во понудата се и специјално дизајнираните гуми „Michelin Pilot Sport Cup 2“.

megane tro4

„Renault Megane 275 RS Trophy“ ќе се произведува во ограничена серија, а ќе биде понуден на купувачите на 20 селектирани пазари ширум светот, вклучувајќи ги Австралија, Велика Британија, Малезија, Германија и Јужна Африка.

Автомобилот најпрво ќе биде достапен на францускиот пазар, каде од почетокот на јуни ќе се продава по цена од 38.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП