27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколари обвинет дека затајувал даноци во Португалија

Сколари обвинет дека затајувал даноци во Португалија

skolari danoci

Националниот селектор на Бразил, Луис Фелипе Сколари е предмет на криминална истрага, соопштија властите во Португалија.

Во соопштението не се споменува каква е причината, но според неофицијални извори, цитирани од „Associated Press“, станува збор за даночно затајување.

Според информациите тој не платил 7 милиони евра во име на даноци, кои биле депонирани во офшор сметки.

65-годишниот Сколари беше на чело на португалскиот национален фудбалски тим меѓу 2003-та и 2008-та година.

Бразилскиот тренер негираше дека криел даноци: „Секогаш сум ги пријавувал своите приходи во секоја земја во која сум работел“, рече тој.

Обвинувањата доаѓаат помалку од еден месец пред почетокот на светското првенство во Бразил, на кое Сколари ќе се обиде домаќините да ги доведе до шестата титула.

Репрезентацијата на Бразил е во групата А на турнирот заедно со селекциите на Хрватска, Мексико и Камерун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП