20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако изгледал првиот навигациски систем на пазарот (фото+видео)

Како изгледал првиот навигациски систем на пазарот (фото+видео)

honda navi

Современите навигациски уреди кои се користат во автомобилите функционираат со помош на „GPS“ системот. Сепак првиот навигациски уред настанал пред оваа технологија да започне да се употребува во патничките возила.

Уредите кои денеска ги познаваме и користиме во нашите автомобили се појавија во втората половина на деведесетите години од минатиот век. Меѓутоа, малку е познато дека уште во 1981-ва година, „Honda“ на купувачите им понуди некаков вид на навигациски систем кој не бил заснован на „GPS“.

Тој во вистинска смисла на зборот не бил навигациски систем. Уредот неможел да ви каже за колку стотини метри треба да свртите десно или кога да се преместите во друга лента, како што тоа го можат модерните навигации.

honda navi1

Всушност, тој воопшто немал говорна опција, без која тешко може да се замисли како функционираат современите навигации.

„Electro Gyro-Cator“, како што од „Honda“ го имале наречено овој уред, имал исцртана мапата со позадинско осветлување на која, благодарејќи на светлечката точка која трепка, во секој момент во текот на возењето можело да се види каде отприлика се наоѓате. И тоа е скоро се што можело да се добие.

Можеби не изгледа импресивно, сепак тоа беше пионерско достигнување во тоа време.

honda navi2

Системот во основа функционирал на едноставен принцип, ако знае од каде сте тргнале и каде треба да пристигнете, со мерењето на брзината и промената на правецот при возењето, ќе ви покаже на мапата која е вашата моментална позиција.

Податоците за моменталната брзина се испраќале до компјтерот кој пресметувал колкаво растојание автомобилот поминал до тој момент. За одредување на моменталниот правец по кој возилото се движи, користен е некој вид на жироскоп заснован на млаз од гасот хелиум.

honda navi3

Поради тоа што тогаш не постоеа дигитални екрани и мапи, за различни правци се користеле различни мапи на проѕирни фолии, кои возачот морал да ги менува во уредот.

Пред да ја стави мапата, возачот морал на неа со помош на маркер да ја обележи стартната и крајната позиција на патувањето и светлечката точка во позадина да ја израмни со стартната позиција.

„Honda“ во тоа време објави и видео на кое накратко е објаснето како функционира овој навигациски систем:

По оваа демонстрација, веруваме дека денешните навигациски уреди, колку и да изгледаат комплицирани, всушност се многу едноставни за ракување.

Јапонскиот производител едно време ја нудел навигацијата како дополнителна опција за купувачите на моделот „Accord“, но се сомневаме дека биле продадени голем број на уреди, затоа што цената пресметана во денешни пари би изнесувала преку 7.000 долари, односно повеќе од 5.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП