4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Fiesta повторно европски мал автомобил број 1 (видео)

Ford Fiesta повторно европски мал автомобил број 1 (видео)

Ford-Fiesta 3dr

„Ford Fiesta“ во првиот квартал од 2014-та година е најпродаван мал автомобил во Европа со продадени 85.639 возила.

„„Fiesta“ станува се посилна, по две години по ред како најпродаван европски мал автомобил, продажбата на овој модел во првите три месеци од 2014-та порасна за дури 10 проценти во однос на 2013-та“, вели Роелант де Вард, потпретседателот за маркетинг, продажба и сервис во „Ford Europe“.

Многу од купувачите одбираат верзии со високи перформанси, опремени со најновата технологија, вклучувајќи го и системот за поврзување со различни уреди во автомобилот, „Ford SYNC“, како и наградуваниот 1.0-литарски „EcoBoost“ мотор.

Од сите „Fiesta“ автомобили продадени досега во оваа година:

• 80 проценти се опремени со системот „Ford SYNC“ со гласовна контрола.

• 47 проценти се со „Titanium“ верзијата со високи перформанси.

• 29 проценти од нив се опремени со 1.0-литарски „EcoBoost“ бензински мотор, кој двапати ја освојуваше титулата „Меѓународен мотор на годината“ (International Engine of the Year).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП