15 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаков смартфон има патентирано Facebook?

Каков смартфон има патентирано Facebook?

fb mob

Токму кога помина периодот без гласини за можниот мобилен на „Facebook“, пристигна материјал за нова слава. Првите информации за смартфонот на „Facebook“ се појавија пред неколку години, благодарение на необичните патенти на оваа компанија.

Новиот патент покажува уред кој е уште понеобичен во однос на денешните паметни телефони. „Facebook“ како компанија, но и Цукерберг, ја одбиваа секоја можност за изработка на сопствен уред, затоа што тоа е „бесмислено“ покрај сите производители. Од друга страна, патентите кои компанијата ги има подготвено покажуваат дека, како идеа на мобилниот уред работат уште од 2011-та година.

Изворниот патент, кој го изработил инженер од компанијата, прикажува уред кој е со стандарден екран чувствителен на допир, но на страните покрај копчињата има и плочи за регистрирање на гестови и допир.„Facebook“ истата година поднесе и патент за уред кој е во форма на смартфонот „LG G Flex“. Уредот би користел различни гестови од „бибилиотеката“ за да стартува различни функции, веројатно исклучиво поврзани со апликацијата на „Facebook“.

fb mob232

Тогашните извори за „TechCrunch“ наведоа дека дел од компанијата работи на посебен софтвер за уредот, а трета страна (некои од мобилните производители) работеше на хардверот. Но, од тоа барем засега ништо не беше претставено пред пошироката јавност.

Сепак, останува да се види дали најголемата друштвена мрежа, конечно со сите тие патенти ќе успее да состави еден смартфон кој ќе може да го пласира на пазарот како сопствен уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП