2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW си обезбеди доволно акции за да ја превземе Scania

VW си обезбеди доволно акции за да ја превземе Scania

VW-Scania

Групацијата „Volkswagen AG“ обезбедила доволно поддршка за да пристапи кон давање на понуда во вредност од 6,7 милијарди евра за „Scania AB“, отстранувајќи ја последната голема пречка во обидите на компанијата да се здобие со овој производител на камиони, пишува „Bloomberg“.

„VW“, која во моментов контролира две третини од „Scania“, веќе ја има поддршката на акционерите за 90.47 % од шведската компанија. Ова ќе обезбеди учество на „VW“ од над 90%, потребни според шведскиот закон за да си обезбеди целосна контрола над компанијата „Scania“.

Најголемиот автопроизводител во Европа сака целосно да ја интегрира „Scania“ за да се продлабочи соработката меѓу шведската компанија и „MAN SE“, која „VW“ исто така ја контролира, а со тоа да се создаде најголемиот европски производител на камиони.

Стекнување на „Scania“ става крај на напорите кои започнаа во 2006-та година за создавање на глобална единица за камиони што да може да се натпреварува со лидерите „Daimler AG“ и „Volvo AB“.

Шведскиот пензиски фонд „Alecta“ кој поседува 2,04 % од акционерскиот капитал, му даде на „VW“ над 90% влијание, откако одлучи да ја прифати нивната понудата, која пред тоа Фондот ја отфрли, затоа што сметаше дека е премногу ниска.

За да го финансира купувањето на „Scania“, „VW“ планира да пласира нови приоритетни акции за да собере 2 милијарди евра, да издаде хибриден капитал во вредност од 3 милијарди евра и да потроши 2 милијарди евра од своите резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП