20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG најави три таблети од серијата G Pad

LG најави три таблети од серијата G Pad

lg tableti

„LG“ тврди дека ги послушале желбите на купувачите, па поради тоа наскоро наместо еден таблет во понудата ќе имаат три со различна дијагонала. Тие можеа само да гледаат што прави конкурентот „Samsung“, затоа што нивните модели целосно се следат меѓу себе, иако се работи само за дијагоналата.

● G Pad 7.0 е дизајниран за користење со една рака и нагласокот се става за користење во движење и на потрошувачите.

● G Pad 8.0 е со осуминчен екран кој би требало да биде компромисно решение меѓу преносливоста и удобноста („LG“ го опишува како таблет од средна големи за исклучително искуство во мултимедијата и задачите).

● G Pad 10.1 – Овој уред е со најголем екран, батерија и цена, а е модел чија цел е автономија и комфор.

Останатите детали, како точните спецификации и цена, „LG“ вети дека ќе ги објави во наредните недели, а новите „G“ таблети ќе бидат претставени на саемот „MedPI 2014“ во Монако.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП