28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфонот Moto E ќе чини 89 фунти

Смартфонот Moto E ќе чини 89 фунти

moto e smartfon

Американската компанија „Motorolа“ го претстави својот нов нискобуџетен смартфон „Moto E“, кој ќе чини само 89 фунти.

Моделот ќе располага со 4.3 -инчен дисплеј, 5 мегапикселна камера и батерија која ќе трае цел ден во постојан режим на работа. Освен цената, меѓу најголемите заслуги на смартфонот е оперативната меморија од 1 GB, која е традиционална за уредите од средниот сегмент.

„Нашата мисија е да ја прекинеме понудата на т.н. функционални телефони. Сметаме дека во оваа фаза нудиме паметен телефон кој може да го стори тоа“, коментира Чарли Тритшлер, потпретседател на „Motorola“.

Уредот ќе ја има најновата верзија на „Android“, како и 4 GB внатрешна меморија која може да се прошири со картичка до 32 GB. Од компанијата се надеваат дека новиот модел ќе го продолжи успехот на претходниот нискобуџетен паметен телефон кој се продаваше за сума од 135 фунти (322 евра).

Уделот на „Motorola“ се зголеми значително во Велика Британија во шестте месеци по претставувањето на „Moto G“, и тоа до 6 % од речиси 0% пред тоа.

Освен батеријата за целиот ден, од компанијата се обидуваат да ги привлечат потрошувачите преку екранот, затоа што тој е отпорен на гребнатини, познат како „Gorilla Glass 3“ и кој е достапен за уредите со цена која е над два пати повисока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП