16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Motors: Загуби и покрај рекордното производство

Tesla Motors: Загуби и покрај рекордното производство

model x ts

Американскиот производител на луксузни електрични возила соопшти дека во првите три месеци од 2014-та биле произведени рекордни 7.535 возила. Во истиот период на купувачите им биле испорачани 6.457 автомобили.

Извршниот директор и основач на компанијата, Илон Маск, изјави дека е во план проширување на капацитетите на фабриката со цел да се овозможи натамошен раст на производството на „Model S“, но и погонот да се подготви за коросоверот „Model X“ кој ќе почне да се изработува во 2015-та година.

„Работиме интезивно на развојот на „Model X“, па очекуваме дека конечната продукциска верзија ќе биде готова до крајот на 2014-та“, вели Маск.

Според неговите зборови, „Tesla Motors“ во текот на 2014-та ќе го зголеми бројот на продажни и сервисни центри за 75 проценти. Во истиот период, ширум светот е планирано инсталирање на 200 нови станици за брзо полнење на батериите.

На тој начин, за само една година двојно ќе се зголеми бројот на постоечките суперполначи на кои сопствениците на „Tesla“ возилата можат бесплатно да ја дополнат батеријата во своите автомобили.

„Tesla Motors“ во текот на летото ќе го зголеми бројот на земји во кои ќе се продава „Model S“, а ќе бидат претставени верзии со волан на десната страна за пазарите Велика Британија, Јапонија и Хонг Конг.

Покрај растот во производството и зголемувањето на вкупните приходи на 620 милиони долари, компанијата во првиот квартал забележа загуба од работењето во висина од околу 50 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП