27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сагата, Коста е нов играч на Челзи!?

Заврши сагата, Коста е нов играч на Челзи!?

dk celzi

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Диего Коста е многу блиску до трансфер во премиерлигашот Челзи, соопштуваат водечките англиски медиуми.

Сопственикот на „сините“ Роман Абрамович изјавил дека е подготвен да плати за Шпанецот 32 милиони фунти, колку што изнесува клаузулата за одрекување во неговиот договор.

Англиски „Телеграф“ наведува дека милијардерот ја испратил советничката Марина Грановскаја за завршување на трансферот со Атлетико.

Челзи ќе му понуди на Коста плата од 185 илјади фунти неделно, што за 5 години, договорот ќе му донесе малку над 48 милиони фунти. Па така доведувањето на натурализираниот Шпанец на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде заокружено на 80 милиони фунти.

Лондончани брзаат рано да ги обезбедат услугите на одличниот напаѓач, чија цена може да се покачи дополнително при негово добро претставување на претстојното светско првенство во Бразил.

Раководството на Атлетико не сака да го објави трансферот пред финалето од Лигата на Шампионите против градскиот ривал Реал на 24-ти мај во Лисабон. Според извор на „ESPN“, Коста веќе им соопштил на сегашните соиграчи дека од летото ќе заигра во Челзи.

Фудбалерот постигна 36 гола во 50 натпревари за „јорганџиите“ во сите натпреварувања во оваа сезона. Тој постигна и против Челзи во реваншот на „Стемфорд Бриџ“ од полуфиналето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП