19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете како изгледа паметниот часовник G Watch

Погледнете како изгледа паметниот часовник G Watch

lg watch

Иако до крајот на месецот нема да бидеме во можност да дознаеме се што не интересира за паметниот часовник на „LG“ – „G Watch“, компанијата реши да ни понуди мал увид во тоа што не очекува.

Во последното видео немаме можност да видиме премногу детали, но доколку сакате да го видите на дело софтверот „Android Wear“ или поглед од 360 степени на неговото метално тело, вашите барања ќе бидат задоволени.

„LG“ и натаму се држи до ветувањето дека ќе го редефинира паметниот часовник со удобност која со која ќе се олесни секојдневното користење и подготвеноста да ги исполни сите ваши желби со еднодневно полнење и покрај тоа што екранот цело време е активен.

Сето ова ќе биде спакувано во куќиште кое е отпорно на вода и прашина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП