12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа 4-ти јули Fiat ќе претстави нов кросовер

На 4-ти јули Fiat ќе претстави нов кросовер

fiat 500xx

„FIAT 500X“ ќе биде претставен на јавноста на 4-ти јули, денот кога пред 57 години се појави оргиналниот „FIAT 500“, соопштија од компанијата.

Италијанскиот производител ги објави првите фотографии од производниот погон во фабриката Мелфи, во која на истата платформа паралелно се изработуваат „Jeep Renegade“ и „FIAT 500X“.

И додека „Renegade“ има карактеристична коцкаста форма, типична за моделите од марката „Jeep“, „FIAT 500X“ има заоблени линии со преден дел дизајниран во ретро стил како сите модели од семејството „500“.

Најновите фотографии од погонот укажуваат дека продукцискиот „FIAT 500X“ нема многу да се разликува од прототипот кој беше прикажан во Торино во 2012-та на новинарската презентација на моделот „500L“.

Официјалната премиера „FIAT 500X“ ќе ја има на саемот за автомобили во Париз во октомври 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП