25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Honda S2000 пристигнува во 2017-та?

Новата Honda S2000 пристигнува во 2017-та?

honda koncept

Јапонскиот производител „Honda“ планира да го обнови спортскиот модел „S2000“ кој се произведуваше од 1999-та дo 2009-та година, дознава британски „Auto Express“.

Според информациите на овој магазин, идниот „S2000“ ќе биде купе, а не роудстер, како што беше неговиот претходник. Автомобилот ќе биде позициониран меѓу најавениот „Hondа S660“, чиј прототип беше прикажан за време на авто-саемот во Токио кон крајот на 2013-та и новата „Hondа NSX“, која во продажните салони ќе пристигне во 2015-та.

Автомобилот „Hondа S2000“ би требало да го придвижува засилената верзија на четирицилиндарскиот 2.0 литарски турбо-бензински мотор од моделот „Civic Type R“, кој произведува околу 350 ks, a автомобилот oд 0 дo 100 km/h забрзува за околу 5 секунди.

Новиот „S2000“ би требало да биде претставен во 2017-та година, а се претпоставува дека неговата цена ќе изнесува околу 42.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП