18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го надитри BMW (фото)

Audi го надитри BMW (фото)

specijalno audi

Од „Audi“ тврдат дека нивниот модел „R8 LMX“ ќе биде првиот продукциски автомобил на пазарот со ласерски фарови, иако „BMW“ пред нив ја претстави оваа технологија на хибридниот прототип „i8“.

Автомобилскиот пазар е сцена за конкуренција меѓу двата премиум производители во тоа кој прв на купувачите ќе им понуди сериски модел со ласерска технологија применета во фаровите.

„BMW“ на саемот во Франкфурт во 2013-та го претстави хибридниот спортски модел „i8“, најавувајќи дека тоа ќе биде првиот производен модел на кој ќе бидат достапни ласерските долги светла. Почетокот на продажбата на ова возило беше најавена за крајот на 2013-та, но потоа беше поместена за 2014-та.

specijalno audi1

Во февруари „BMW“ соопшти дека ласерските фарови како опција ќе бидат достапни дури наесен, што се обезбеди можност за „Audi“ да го претекне баварскиот производител и прв на пазарот да лансира сериски модел со оваа технологија.

Специјалната серија на „Audi R8“, која ја има ознаката „LMX“ во продажните салони ќе пристигне налето. Ласерските фарови ќе бидат користени во долгите светла и ќе се активираат при брзина од 60 km/h.

specijalno audi2

Како што велат во „Audi“, овој вид на фарови ќе допринесат за подобра осветленост на патот, а со тоа ќе се зголеми видливоста и безбедноста при вечерното возење. Системот е опремен и со камера заснована на сензори, која ќе ги забележува другите возила во сообраќајот и така ќе го прилагодува светлосниот зрак со цел возачите да не бидат заслепени.

Покрај ласерската технологија, „Audi R8 LMX“ пристигнува во специјална „Ara Blue“ боја на каросеријата со елементи од јаглеродни влакна на надворешноста и фиксен заден спојлер.

specijalno audi3

Од посебните детали тука уште се и издувните цевки со висок сјај, керамички сопирачки дискови и екслузивни 19-инчни алуминиумски фелни. Седиштата се со „Nappa“ кожа, а употребени се и украсни детали од јаглеродни влакна.

Погонот се обезбедува од 5.2 литарски V10 со 570 ks (419 kW) и 540 Nm максимален вртежен момент. Моторот е поврзан со седумбрзински „S tronic“ автоматски менувач, кој моќта ја пренесува на сите 4 тркала со помош на „quattro“ системот.

specijalno audi4

Од мирување до 100 km/h, „Audi R8 LMX“ стигнува за 3.4 секунди, пред стрелката на брзинометарот да застане на максималните 320 km/h.

Производството е ограничено на 99 примероци, а задоволството да го поседуваат овој модел купувачите во Германија ќе ги чини од 210.000 eвра, колку што изнесува неговата почетна цена. Првите автомобили кај своите сопственици ќе пристигнат во текот на летото 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП