16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG F70 пристигнува во Европа

LG F70 пристигнува во Европа

lg 70

Компанијата „LG“ за купувачите во Европа овој месец ќе го пушти во продажба својот паметен телефон „F70“ кој работи на оперативниот систем „Android“. Станува збор за модел од средната класа кој има поддршка за „4G LTE“ мрежата.

Во уредот се наоѓа процесорот со четири јадра „Qualcomm Snapdragon 400“ со такт од 1,2 GHz, 1 GB работна меморија, задна камера од 5 мегапиксели, како и предна од 0.3 мегапиксели. Смартфонот има слободен простор за чување на податоци од 4 GB, но тој може да се прошири со користење на „microSD“ картичка.

Екранот е од 4.5 инчи „IPS“, има резолуција од 800 x 480 пиксели. Овој паметен телефон користи батерија од 2440 mAh, додека оперативниот систем е „Android 4.4 KitKat“.

Уредот ќе добие и некои опции кои доаѓаат со топ моделот „LG G3“, како што се „Knock Code“ (безбедносна опција за вклучување на телефонот и отклучување на екранот), опцијата „Plug & Pop“ која на корисникот му предлага различни можности кога со уредот ќе се поврзат слушалки или „USB“ кабел, т.е. опција за гостински профил за повремените корисници кои позајмуваат туѓи уреди.

По претставувањето во Европа, смартфонот „LG F70“ ќе има деби и во другите региони. Засега од компанијата не ја соопштија цената по која ќе се продава овој паметен телефон, но таа наскоро ќе биде позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП