1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите SMS апликации

Најдобрите SMS апликации

poraki sms 11

Компанијата „Google“ започна со интеграција на „SMS“ во својот сервис „Hangouts“. За сите кои не сакаат да го користат, ова се алтернативните сервиси.

Handcent SMS

Една од најстарите апликации на пазарот доаѓа со едноставен интерфејс. Програмерите првенствено сакаа на купувачите да им понудат функционалност. Тука се можностите за цртање, додавање фотографии, „принтскрин“, диктирање пораки и слични бенифиции за оние кои се потпираат на „SMS“ пораките.

Hello SMS

Со голем број на оптимизација, многумина се одлучуваат токму за оваа апликација. Покрај стандардните опции за испраќање и подесување, нуди и ноќен режим кој ги штити очите и ја штеди батеријата на корисниците кои сакаат да се допишуваат во текот на доцните вечерни часови.

EvolveSMS

За разлика од „Handcent“, оваа апликација е стилизирана за оние кои најпрво сакаат атрактивна апликација. Покрај тоа, има можност за заклучување на апликацијата по пат на шаблон, инсталирање дополнителни теми и подесување на известувањата за одреден период.

Textra

Долку сте љубител на „smile“, оваа апликација е совршена за вас затоа што преку неа можете на направите ваши насмевки од различни фотографии и да ги испратите на другите корисници.

TextSecure

Многумина се грижат за безбедноста на своите податоци, па така и за „SMS“ пораките, а оваа апликација веќе во поставувањето нуди забрана за „принтскрин“ и заклучување на индивидуални пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП