9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple размислува за мега слики, а не за мегапиксели

Apple размислува за мега слики, а не за мегапиксели

Apple Samsung Trial

Се чини дека дојде време за „Apple“ да го подобри квалитетот на камерите на своите смартфони. Судејќи според еден патент, „Apple“ подготвува посебен дел со „супер-резолуција“ за своите идни уреди.

Патентот се однесува на „супер-резолуцијата“ базирана на оптичката стабилизација, што значи дека новиот „iPhone“ уред би требало да прави серија на фотографии под малку променет агол.

Овие слики потоа би требало да бидат споени од страна на посебен дел и корисниците потоа да добијат слика со „супер-резолуција“.

Оваа технологија би требало на „Apple“ да му овозможи значајно унапредена резолуција на сликите на камерта на „iPhone“ без претерана грижа за пикселите.

Технологијата е премногу слична на системот на „Nokiа“ – „PureView“ кој е присутен во моделот „Lumia 1020“ со камера од 40 мегапиксели.

Со оглед дека тоа дека барањето за заштита на патентот е поднесено во 2012-та година, се уште не се знае кога оваа камера ќе го најде патот до смартфоните, но многу е веројатно дека тој нема да го краси „iPhone 6“ чие претставување се очекува кон крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП