25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Романија беше произведено 5-милионитото возило на Dacia

Во Романија беше произведено 5-милионитото возило на Dacia

dacia pet milioni

Убава вест пристигнува од Романија каде беше произведен 5-милионитиот автомобил на брендот „Dacia“.

Честа да го понесе бројот 5.000.000 ја доби „SUV“ моделот „Duster“ кој е произведен во фабриката во Питешти.

Автомобилот е наменет за купувач од Романија, а можеме да потсетиме дека 4-милионитото возило на „Dacia“ произведено во фабриката Миовени во март 2011-та година, исто така беше „Duster“.

Инаку „Dacia“ милионитиот примерок го произведе во 1985-та година (тоа беше „Dacia 1310“), 2-милионитиот автомобил е направен една година пред превземањето на фабриката од страна на „Renault“ (славеникот беше „Dacia 1307“), а тримилионитото возило беше направено девет години подоцна и тоа беше моделот „Logan MCV“.

Фабриката на „Dacia“ – Питешти може да произведе и до 350.000 возила годишно, а минатата година 93 проценти од производството беа наменети за извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП