3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo прави конзола за пазарите во развој

Nintendo прави конзола за пазарите во развој

nin3w

Претставници на „Nintendo“ за „Reuters“ изјавија дека планираат да произведат нов вид на играчка конзола и софтвер која ќе биде наменета за пазарите во развој.

„Nintendo“ развива хардвер и игри наменети за потрошувачите со пониски приходи и помало играчко искуство, а тој ќе биде многу поразличен од неговите постоечки конзоли како што се „Wii U“ и „3DS“.

Засега не се објавени детали за самиот уред, ниту на кои пазари ќе биде понуден, туку само истакнаа дека мораат да развијат нешто ново што средната класа на тие пазари ќе може да си го дозволи.

Инаку, „Nintendo“ во изминатава финансиска година забележа загуба од 456 милиони долари. Тоа е веќе трета година поред со загуба за оваа компанија, па поради тоа тие се надеваат дека со евтините уреди ќе можат да ја подобрат состојбата во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП