9 мај, 2024

BlackBerry Windermere

bb wind

Новиот смартфон на „BlackBerry“ со кодно име „Windermere“ ќе ја продолжи традицијата на „BlackBerry“ т.е. ќе се појави на пазарот со физичка „QWERTY“ тастатура.

Според информациите тастатурата најверојатно дополнително е подобрена во однос на претходните модели, па сега на корисниците им овозможува побрзо и ефикасно внесување на текст, а се шпекулира дека ќе овозможува внесување на текст со помош на гестови.

Корисниците ќе можат да се пофалат со 4.5 инчен екран со резолуција од 1440 x 1440 пиксели и густина од 453 ppi, камера од 13 MP со оптичка стабилизација, процесор „Qualcomm Snapdragon“, како и батерија од 3450 mAh.

Oперативниот систем кој се грижи за целиот вграден хардвер е „BlackBerry OS 10.3“. Сепак ова се првите информации за производот кој сеуште е во фаза на развој и поради тоа тие треба да се земат со одредена доза на претпазливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП