4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна продажбата на апартмани и изнајмување на деловен простор во Парк Резиденс

Започна продажбата на апартмани и изнајмување на деловен простор во Парк Резиденс

park-residence

Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски стандарди за луксузно апартмантско живеење, неодамна е пуштен во употреба луксузниот комплекс Парк Резиденс. Љубителите на убавиот животен простор ќе имаат ретка можност да купат апартман, на локација како на ретко кое друго место, да го живеат својот сон, и да ја реализираат инвестицијата на својот живот.

indoor2

Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани над 25.000.000 милиони евра домашен капитал , во изградбата се користени материјали од светските брендови како Cotto D’ ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет.

“Навистина сме горди на овој објект. Парк резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на најпребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина,  одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вгра­де­на во об­јек­тот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите”, изјави Бранкица Анѓелевска проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.

indoor3

Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат си­те највисоки европски тех­нич­ки и гра­деж­ни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија.

indoor

Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.

indoor4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП