29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ја превзема Beats Electronics за 3,2 милијарди долари?

Apple ја превзема Beats Electronics за 3,2 милијарди долари?

beast slusalki

Според „Financial Times“, „Apple“ најверојатно води преговори за превземање на компанијата „Beats Electronics“зa 3,2 милијарди долари.

Очигледно, договорот за превземање би можел да биде реализиран веќе следната недела, но се уште не се договорени сите детали, односно тој би можел и да пропадне. Доколку договорот се реализира, „Apple“ заедно со хардверското одделение на „Beats“ кое е задолжено за слушалките ќе го добие и музичкиот сервис кој чини околу 10 долари месечно и кој овозможува слушање музика по желба.

Имено, иако и сега „Apple“ има добри односи со „Beats“ и ги нуди нивните слушалки во своите продавници, се претпоставува дека главниот мотив за превземање на оваа компанија е токму нивниот музички сервис „Beats Music“.

Доколку информацијата за цената која „Apple“ ќе ја плати е точна, тоа ќе биде најголемото превземање на „Apple“. Имено, според официјално објавените податоци, досега најголемо превземање на „Apple“ беше компанијата „NeXT“ за која во 1996-та платија 429 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП