23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд „Ферари“ ќе излегува по еден нов модел годишно

Од „Ферари“ ќе излегува по еден нов модел годишно

laferrari

„Ферари“ најави дека од крајот на 2018 година секоја година ќе претставува по еден нов модел.

Годишното производство и натаму ќе се ограничува, но горниот лимит може да биде зголемен од сегашните 7.000 на 10.000 парчиња.

Со петгодишниот план е предвидено компанијата за погон на своите модели и натаму да користи В8 и В12 мотори, а секоја година ќе биде претставен по еден нов модел чиј век ќе изнесува четири години.

Потоа ќе следат унапредени, таканаречени „М“ верзии, што животниот циклус на секој од моделите ќе го продолжи за уште четири години.

Освен регуларните, сериски автомобили, „Ферари“ како и до сега за одбрани клинети, по нарачка ќе изработува специјални персонализирани верзии.

Шефот на „Фиат“, Серџо Макрионе, вели дека „Ферари“ и натаму ќе биде ексклузивна марка со ограничено годишно производство.

Сепак, тој остава можност границата да се помести на 10.000 возила годишно, имајќи го предвид растот на бројот на богати купувачи, особено на пазарите со забрзан раст, како кинескиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП