3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes AMG очекува раст на продажбата за 50 проценти во 2014-та

Mercedes AMG очекува раст на продажбата за 50 проценти во 2014-та

amg slika

„AMG“ одделението кое се занимава со изработка на спортски верзии на моделите на „Mercedes“, во 2013-та година забележа рекордна продажба на овој вид возила. Апетитите пораснаа, па раководните лица сега најавуваат дека во 2014-та ќе ја зголемат продажбата за дури 50 проценти.

Во текот на 2013-та година на купувачите им беа испорачани 32.200 „Mercedes“ автомобили со ознаката „AMG“, со што е надминат планот за 2017-та година за кога беше предвидена продажба на 30.000 возила.

Во однос на 2011-та, продажбата е двојно зголемена и тоа благодарејќи за зголемената понуда на возила на пазарот. Во последните две години беа претставени потполно новите модели „Mercedes A 45 AMG“, „CLA 45 AMG“ и „GLA 45 AMG“.

Охрабрен од ваквите резултатите, шефот на „AMG“ одделението, Тобијас Моерс, изјави дека очекува во 2014-та продажбата да порасне на повеќе од 45.000 примероци.

amg slika1

„Веќе забележавме раст во продажбата од 50 проценти во првиот квартал во однос на истиот период од 2013-та, па претпоставуваме дека таквиот тренд може да продолжи до крајот на годината“, вели Моерс.

Гамата „AMG“ моментално ги покрива скоро сите модели на „Mercedes“, со исклучок на возилата како што се „B Сlasѕ“, „GLK“, „E Сlasѕ Coupe“ и „V Сlasѕ“. Најновиот модел кој се појави на пазрот е „Mercedes S 63 AMG Coupe“, кој го наследи „CL 63 AMG“.

Oвој автомобил е опремен со 5.5 литарски „bi-turbo V8“ мотор со 585 ks и 900 Nm максимален вртежен момент, кој му овозможува од 0 дo 100 km/h да стигне за 4.3 секунди, односно за 3,9 секунди со „4MATIC“ верзијата со погон на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП