30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИEкспертите признаа: Неможеме да ги победиме хакерите

Eкспертите признаа: Неможеме да ги победиме хакерите

anti vrisusss

Во борбата со интернет криминалците, хакерите и останатите корисници кои имаат нечесни намери, антивирусните решенија ја загубија битката. Ова е мислењето на потпретседателот на компанијата која се занимава токму со борбата против компјутерските вируси, „Symantec“, Брајан Деја. Тој се послужил со уште погруба конструкција, изјавувајќи за „Wall Street Journal“ дека класичниот антивирус е „мртов“, бидејќи хакерите користат се понапредни методи за своите напади.

Треба да се спомене и податокот до кој дојдоа експертите од „Symantec“, а тоа е дека денешните антивирусни решенија се способни да спречат само 45 проценти од сите напади. Токму поради ова во компанијата сметаат дека таквите програми повеќе не се добар извор на приходи, па поради тоа ја разгледуваат можноста да се движат во друга насока, како што тоа го сторија „Kaspersky“ и „McAfee“. Големите антивирусни компании сега се фокусираат релативно на откривање на нападите и на минимализирање на штетата, наместо на нивното поактивно спречување. Таа битка, како што смета Деја, веќе ја загубиле.

Покрај чистењето на компјутерските системи по претрпените напади, оваа компанија има во план повеќе да се позанимава со останатите видови на безбедност, како што се управувањето со лозинки, блокирањето на спам пораки или заштитата на корисникот од ширењето на несоодветни линкови по пат на друштвените мрежи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП