Според извршниот директор на „Fiat Chrysler Automobil“, Серџо Маркионе, еден од најпосакуваните брендови е производителот на суперавтомобили „Ferrari“ кој вреди околу 10.8 милијарди евра, но оваа марка не е на продажба.
Всушност, како што рече Маркионе при претставувањето на петгодишниот план на групацијата „Fiat Chrysler Automobiles“, „Ferrari“ ниту е на продажба, никогаш не бил и никогаш нема ни да се продава.
Тој исто така ги негираше проценките на „Wall Street“ за вредноста на брендот „Ferrari“ и истакна дека овој производител е значително потценет од страна на „Wall Street“.
„Ferrari“ моментално произведува 7.000 автомобили годишно и претставува нов модел секоја година, додека животниот циклус на секој модел е околу четири години.