18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗлатен HTC One (M8) (видео)

Златен HTC One (M8) (видео)

htc zlato

За разлика од повеќето паметни телефони кои доаѓаат само обоени во златна боја, компанијата „Goldgenie“ поединечни примероци ги „облекува“ во вистинско злато.

Така и најновиот модел „HTC One“ (M8) доби куќиште од 24 каратно злато, а доколку златото многу ви светка можете да го купите и со куќиште од платина. Цените се во склад со материјалот од кој е изработен, па така за „HTC One“ (M8) сo жолто злато треба да одвоите 1.897 фунти, додека за моделот со црвено (Rose) злато, 100 фунти повеќе. Рекордер во цената е сепак платинестиот модел кој чини вкупно 2.097 фунти.

Доколку цените ви се чинат претерани, колку толку добра вест е тоа што во цената е вклучен и отклучен уред со 16 GB интерна меморија. Во случај веќе да го поседувате овој смартфон, истиот можете да го позлатите за сума од 1.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП