2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го потврди серискиот модел на Q8

Audi го потврди серискиот модел на Q8

audi q8 1

„Audi Q8“ доби зелено светло за производство. Но германскиот производител нема намера тука да застане, поради тоа што ќе следи серија на нови кросовери.

Во разговор за „Autocar“, шефот на „Audi“, Руперт Штадлер, рече дека оваа компанија има намера да го збогати сегментот „SUV“ и кросовер возила со моделите „Q1“, „Q2“, „Q4“и„Q6“, а тука се и веќе постоечките „Q3“, „Q5“и„Q7“.

Кога станува збор за „Audi Q8“, се очекува овој автомобил да биде позициониран над „Audi Q7“, но и стилски ќе се разликува од следната генерација на тој модел.

Иако ќе има повисоко растојание од земја, „Q8“ со својот дизајн повеќе ќе потсетува на спортски автомобил отколку на класичен„SUV“, страничните стаклени површини ќе бидат помали, а линијата на покривот пониска.

Покрај моделот со конвенционалните „V6“и„V8“ бензински и дизел единици, предвидена е и верзија со „Plug-in“ хибриден погон, како и спортскиот „RS“ модел опремен со 4.0 литарски „twin-turbo“ V8 мотор.

„Audi Q8“ ќе ја користи променетата варијанта на постоечката „MLB“ платформа. Планирано е масата на основниот модел да не поминува 2 тона и тоа благодарејќи на употребата на алуминиум и пластични материјали зајакнати со јаглеродни влакна.

Се очекува „Audi Q8“ да се појави во продажните салони во 2017-та година со почетна цена од околу 85.000 евра, додека најскапата верзија ќе чини и до 110.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП