27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави новиот Ascend P7

Huawei го претстави новиот Ascend P7

acend2  a17

Кинеската телекомуникациска компанија „Huawei“ вчера во Париз го претстави својот најнов модел на смартфон– „Ascend P7“.

Моделот може да се пофали со тоа што предната камера е од 8 мегапиксели, а со тоа од компанијата сакаат да привлечат корисници кои сакаат да прават „селфи“ фотографии, кои станаа екстремно популарни во последно време. Компанијата е далеку пред своите конкуренти, чии предни камери обично се од 2 мегапиксели. Камерата исто така овозможува снимање на панорамски слики.

Уредот е со 5-инчен дисплеј со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, а ќе може да работи и во 4 G – мрежата. Располага со „quad-core“ процесор со брзина од 1.8 GHz, како и 13 мегапикселна задна камера. Овој смартфон е екстремно тенок, само 6,5 милиметри, што е далеку под дебелината од 8,1 мм на „Sаmasung Galaxy S5“. „Ascend P7“ функционира со оперативниот систем „Android“.

Компанијата „Huawei“, која е трет најголем производител на паметни телефони во светот и има удел од 4.9 % од светскиот пазар, има намера својот смартфон да го направи еден од водечките, а тоа сакаат да го сторат благодарение на пониската цена. Моделот „Ascend P7“ ќе се нуди за 449 евра без договор, што е далеку под цената на „iPhone 5S“ – 699 евра во Германија и онаа на „Samsung Galaxy S5“ од 600 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП