27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈубилејниот BMW M5 со 600 ks (фото)

Јубилејниот BMW M5 со 600 ks (фото)

m 5 jubilej

Баварскиот производител прославува 30 години од првиот „BMW M5“ со специјална верзија на најновата генерација на овој модел.

Иако приказната за „M“ верзиите на „BMW Serieѕ 5“ започна со моделот „M535i“ од 1979-та, но првиот „BMW M5“ е претставен во 1984-та.

m 5 jubilej1

Три децении подоцна, на патиштата може да се види петтата генерација на овој автомобил.

И додека регуларната верзија има 560 ks, одделението „М“ во „BMW“ за потребите на јубилејната серија го засили моторот на 600 ks, a максималниот вртежен момент порасна од 680 нa 700 Nm.

m 5 jubilej2

Дополнителната моќ се одразуваше и на перформансите, па така овој „М5“ со стандарден седумбрзински автоматски менувач со двојно квачило од место до „стотка“ забрзува за 3.9 секунди, што е за 0.4 секунди подобро време во однос на „обичниот“ „BMW M5“.

Максималната брзина и натаму останува фабрички ограничена на 250 km/h, но изборниот „M Driver“ пакет електронскиот лимитер може да се помести на 305 km/h.

m 5 jubilej3

Јубилејниот „M5“ ќе се разликува и по посебната „Frozen Dark Silver“ боја на надворешноста и по некои други стилски детали, како што се специјалните двобојни 20 инчни алуминиумски бандажи со димензии на гумите од 265/35 напред и 295/30 позади.

Внатрешноста е обложена со комбинација со „Merino“ кожа и „Alcantarа“, со неизбежните ознаки кои покажуваат дека станува збор за јубилеен модел.

m 5 jubilej4

Автомобилите од специјалната серија стандардно се опремени со пакетот „Competition“, кој кај регуларниот „BMW M5“ е достапен како опција. Овој пакет меѓу останатото содржи и прилагодлив за 10 mm понизок систем за суспензија и репрограмиран „M Dynamic“ режим за возење.

„BMW“ соопшти дека ќе бидат изработени 300 примероци од овој модел „M5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП