24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПо таблетот, Tesco најави и смартфон

По таблетот, Tesco најави и смартфон

hudl tablet

Најголемиот британски синџир на супермаркети „Tesco“ во септември минатата година претстави своја марка на таблети наречена „Hudl“. До крајот на годината беа продадени 400.000 примероци и тоа најмногу за време на божиќните празници.

До денеска се продадени повеќе од пола милион примероци од таблетот „Hudl“. Поттикнати од навистина добрата продажба, од компанијата се одлучија да продолжат во ист смер, па за оваа година најавија лансирање на своја марка на смартфони.

Како што потврди портпоралот на компанијата, паметниот телефон на пазарот ќе се појави до крајот на годината. Од деталните спецификации објавено е дека уредот ќе биде заснован на оперативниот систем „Android“ и во него ќе има инсаталирано неколку апликации на „Tesco“.

Намерата на компанијата е да се вклучат во битката со водечките смартфони на другите компании, како што се „Samsung Galaxy S5“, „Xperiа Z2“ или „HTC One M8“, затоа што се претпоставува дека телефонот ќе биде хардверски добро опремен.

Очекуваната цена, сепак ќе биде многу ниска, па така новиот мобилен телефон на „Tesco“ ќе чини околу 200 фунти и ќе биде значително поевтин од споменатите конкуренти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП