9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCall of Duty се сели во 2054-та година (видео)

Call of Duty се сели во 2054-та година (видео)

CoDAWCrop

Играта малку потсетува на „Unreal“, „Elysium“, но и на низа други филмови од жанрот „SF“. Приказната е преместена во 2054-та година, а ние сме дел од воената корпорација која ја води Кевин Спејси.

Изработката на играта ја превзема „Sledgehammer Games“, a ќе може да се игра на „PC“ и најновите генерации на конзолите. Верзијата за „Xbox 360“ и „PS3“ ќе ја изработи друго студио, пренесува „Game Informer“.

Ерик Хиршберг од „Activision“ наведува дека ова е нивната прва игра од тригодишниот циклус и прв наслов во кој некои работи се менуваат од темел, но и наслов кој ќе има нов мотор.

„Advanced Warfare“ е поставена во 2054-та година, а играта започнува со нападот сличен на оној од 11-ти септември, а зад него стои организацијата „KVA“.

Во оваа игра сме во улогата на војникот Мичел, а на самиот почеток во нашата единица е и Вил Ајронс, синот на Џонатан Ајронс (Кевин Спејси) кого го запознавме во првата најава. Постариот Ајронс е тој кој го повикува Мичел да се придружи во неговата воена корпорација.

За разлика од претходните продолженија, во оваа верзија се игра само со еден лик, кој на располагање ќе ја има целата сила на технолошките иновации кои ќе бидат измислени.

Бодовите од мисиите може да се искористат за надоградба на оделото, а тоа овозможува качување по ѕидови, скокање над човечките можности и користење како камуфлажа.

Што се однесува до оружјата, на располагање се гранати на кои може да им се менува функцијата, а ќе може со нив да се открие и позицијата на непријателот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП