6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев постигна гол по петмесечна пауза

Пандев постигна гол по петмесечна пауза

goran_pandev

Горан Пандев по пауза од пет месеци успеа да постигне гол во Серија А, вкупно седми сезонава. Поранешниот македонски репрезентативец синоќа беше еден од најзаслужните во победата над Каљари, екипа за која настапува нашиот репрезентативец Агим Ибраими.

Наполи победи со 3:0, а освен Пандев кој погоди во 43.минута, голови постигнаа и Дрис Мертенс од пенал (33.минута) и Блерим Џемаили (57.минута).

И двајцата македонски фудбалери не го одиграа целиот дуел. Пандев беше заменет во 75.минута, а Ибраими во 55.минута.

Со овој натпревар беше комплетирано 36.коло, од кое синоќа се одигра и средбата Фиорентина – Сасуоло 3:4. Трите освоени бодови за гостите значеа излегување од опасната зона на испаѓање.

Сасуоло на две кола пред крајот има бод повеќе од Киево и два од Болоња која е на 18.место.

Само со теоретски шанси за опстанок се двете последно пласирани екипи Катанија (26 бода) и Ливорно (25).

Табела: Јувентус 96 бодови, Рома 85, Наполи 72, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 55,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП