8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon сака да купуваме преку Twitter (видео)

Amazon сака да купуваме преку Twitter (видео)

amazontwittera

За прв пат во најголемата онлајн продавница на светот ќе може да се купуваат твитови. Веќе можеме да видиме како во „Twitter“ ги тријат рацете поради зголемениот број на промотивни твитови.

Да се направи тоа, купувачите ќе треба да ја поврзат својата корисничка сметка на „Amazon“ со таа на „Twitter“.

Потоа треба да го додадат хаш-тагот „#AmazonCart“ кога одговараат не некој твит кој е поврзан со производ од понудата на „Amazon“. Тој автоматски ќе биде додаден во нивната виртуелна кошничка. Корисниците на „Twitter“ за тоа веднаш ќе добијат повратен твит од „@MyAmazon“, како и „e-mail“ потврда од страна на „Amazon“.

Оваа услуга моментално е достапна само во САД, но нешто слично на располагање имаат и Британците, кои го користат хаш-тагот „#AmazonBasket“.

Во „Amazon“ настојуваат што подобро да ги искористат друштвените медиуми за зголемување на продажбата, додека во „Twitter“ се во постојана потрага за нови начини за зголемување на приходите и тие да ги направат разновидни. Сепак, аналитичарите се малку скептични за овој чекор, пишува „Daily Mail“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП