19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSurface mini пристигнува на 20-ти мај

Surface mini пристигнува на 20-ти мај

mini surface

„Microsoft“ наводно веќе две години работи на развојот на помало издание на својот таблет „Surface“. Најверојатно уредот конечно ќе биде претставен на 20-ти мај.

Компанијата испратила покани за „мал собир“. Иако можеби навистина станува збор за некој мал собир, многу веројатно е тогаш ќе се случи претставувањето на помалиот таблет.

Според неофицијални информации, таблетот ќе има 7.5-инчен екран со 1.440 x 1.080 пиксели (оваа резолуција е веќе поддржана на симулатор за развој на апликации во „Visual Studiо“).

Уредот би требало да користи „Qualcomm“ чип, а ќе доаѓа со „Windows RT“. Се очекува овој таблет да биде испорачуван со дигитално пекнало, а ќе биде одличен за користење при запишување на белешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП