19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес речиси за двојно го зголеми профитот на Дајмлер

Мерцедес речиси за двојно го зголеми профитот на Дајмлер

dajmlert

Германскиот автомобилски концерн „Дајмлер“ во првиот квартал од 2014-та година забележа силен раст на профитот од 95 проценти на годишно ниво.

Добивката на компанијата „Дајмлер“ пред камата и данок (EBIT) во првите три месеци од оваа година порасна на 1,79 милијарди евра од 917 милиони евра во истиот период од минатата година. Тоа е подобар резултат и од тој што го предвидоа аналитичарите, пренесува „Блумберг“.

Приходите на „Дајмлер“ од јануари до крајот на март се зголемени на годишно ниво за 13 проценти или на 29,5 милијарди евра, а нивниот нето-профит скокна на 1,03 милијарди евра од минатогодишните 536 милиони евра.

Најголем придонес за речиси двојното зголемување на профитот имаше големата побарувачка за луксузни автомобили од производството на ќерката-фирма „Мерцедес Бенц“ во Кина и САД. Нивната продажба во изминатите три месеци порасна за 15 проценти или на 374.300 возила.

Самата компанија „Мерцедес Бенц“ во првото тромесечије повеќе од двојно го зголеми „EBIT“ на 1,18 милијарди евра од 460 милиони евра во периодот јануари-март 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП