4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИActivision во играта Destiny ќе вложи 500 милиони долари

Activision во играта Destiny ќе вложи 500 милиони долари

igra petsto milioni

„Activision“ планира да потроши 500 милиони долари на развој и промоција на играта „Destiny“, а со тоа потенцијално да ги собори рекордите за видео игри и да се обиде оваа „SF“ игра да ја претвори во франшиза вредна неколку милијарди долари.

Сумата која ги надминува и бројките на најголемите холивудски хитови ја откри шефот на компанијата Боби Котик на конференција во Лос Анџелес. Од компанијата дополнително објаснија дека големата сума ги вклучува и трошоците за маркетинг, пакување, инфраструктура, приходи од авторски права и други трошоци.

Компанијата која го има долгогодишниот хит „Call of Duty“, планира да постави темели за следниот хит серијал, а и инвеститорите се надеваат дека „Destiny“, која ќе пристигне во септември, ќе го поттикне растот на приходите на „Activision“.

За да ја покријат оваа голема сума, „Activision“ мора да продаде помеѓу 15 и 16 милиони копии од играта која чини 60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП