4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiOS во април го намали својот пазарен удел

iOS во април го намали својот пазарен удел

ios mios2

Според истражувањето на компанијата „Net Applications“, „Apple“ во април забележа нешто послаби резултати од претходниот месец.

И покрај добрата продажба на „iPhone“ уредите во текот на првиот квартал, пазарниот удел на „iOS“ паднал од 53,29% забележан во март на 51,11% во април.

Со тоа мобилниот оперативен систем на „Apple“ беше вториот најголемиот губитник во април, затоа што само „Symbian“ загуби повеќе од нив. Од друга страна, пазарниот удел на „Android“ порасна од 36,58% на 37,75%. Интересно дури и „BlackBerry“ оствари мал раст од 1,13% колку што имаше во март на 1,20% во месец април.

Компанијата „Net Applications“ ја мери глобалната застапеност на мобилните оперативни системи, мерејќи го сообраќајот кој минува низ нивните системи. Врз основа на тоа мерење се настанати горенаведените резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП