29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin ќе ги задржи V12 моторите (видео)

Aston Martin ќе ги задржи V12 моторите (видео)

aston martin motori21

Иако најави соработка со одделението „AMG“ на„Mercedes“ за развој на нови економични „V8“погонски едници, „Aston Martin“ нема да се откаже од традиционалните „V12“ мотори.

Новите прописи за намалување на емисијата на штетни гасови им задава главоболки на производителите на луксузни спортски автомобили. Некои од нив, како што се „Ferrari“или„McLaren“ се обидоа решение да најдат со воведувањето на хибридната погонска технологија.

„Aston Martin“ се насочи кон партнерство со „AMG“, па од моторите со помала работна зафатнина и потрошувачка да ја извлечат максималната можна моќ за своите автомобили.

Сепак, фановите на „Aston Martin“ и  „V12“ моторите, меѓу кои е и водителот на „Top Gear“, Џереми Кларсон, и натаму ќе можат да уживаат во нивниот карактеристичен звук:

Портпаролот на „Aston Martin“, Метју Кларк, изјави дека овој производител во иднина ќе ги задржи 6.0-литарските „V12“ мотори во најмоќните верзии на своите модели.

Кларк на тој начин ја потврди најавата на извршниот директор на компанијата, Улрих Беза, кој претходно рече дека очекува „V12“ моторите би можеле да се користат во моделите на „Aston Martin“ во наредните 5-10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП