Досега имавме можност да видиме мобилни телефони со два екрани кои можат да се преклопат во еден уред во форма на таблет, но екипата на „Human Media Lab“ од канадскиот Университет „Queens“, смета дека им недостасува уште еден.
Професорот Роел Вертегал и студентот Антонио Гомес претставија уред кој би можел да ги промени паметните телефони кои ги имаме денес.
„PaperFold“ се состои од три екрани кои може да се здиплат, можат да прикажуваат иста слика развлечена на сите три, секој различна слика, а може да се користи и како мини лаптоп.
Екипата на „Human Media Lab“ засега нема намера овој телефон да го пласира на пазарот, туку го изработија само за да ја демострираат можноста која ја нуди новиот екран со „e-ink“ технологија.
Погледнете како изгледа овој паметен телефон: