28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го потврди постоењето на Galaxy S5 Mini

Samsung го потврди постоењето на Galaxy S5 Mini

Samsung Galaxy S5

Сепак не станува збор за преголемо изненадување со оглед на тоа дека сите претходници имаа свои мини верзии, но сега барем имаме и официјална потврда од самата компанија.

„Galaxy S5 Mini“ би требало да ја има истата ознака на моделот – „SM-G800“, a како што беше случај и со претходните мини верзии на премиум уредите, спецификациите ќе бидат малку послаби.

„S5 Mini“ би требало да има 4.5-инчен 720p „AMOLED“ екран, четиријадрен„Snapdragon 400“процесор, 1.5GB RAM, 16GB интерна меморија и камера од 8 мегапиксели.

Исто како и својот „постар брат“ и овој модел ќе биде отпорен на вода и прашина.

Официјална најава на овој модел би требало да очекуваме во текот на јуни 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП