2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ќе му плати на Apple 120 милиони долари

Samsung ќе му плати на Apple 120 милиони долари

Samsung-vs-Apple1111

Судот во Сан Хозе, Калифорнија, донесе одлука дека јужнокорејскиот производител на потрошувачка електроника „Samsung“ е виновен за кршење на патенти на „Apple“ во областа на смартфоните и го осуди да му плати на американскиот технолошки гигант речиси 120 милиони долари отштета, пренесе „Франс прес“.

Истата судска инстанца го осуди „Samsung“ и во 2012-та и 2013-та година да плати 930 милиони долари за прекршени патенти на „Apple“, кој тогаш побара над 2 милијарди долари отштета.

При најновиот судски спор, „Apple“ уште еднаш го обвини својот главен ривал дека нелегално ја ископирал технологијата и дизајнот од „iPhone“ и ги користел во некои од моделите од серијата „Galaxy“.

„Samsung“ пак го обвини „Apple“ дека ги нарушил негови патенти за технологијата за пренос на податоци. Калифорнискиот суд делумно ја почитува јужнокорејската компанија и го осуди „Apple“ да му плати на нејзиниот ривал парична казна од 158.400 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП