8 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите MacBook Air лаптопи со пониска цена од претходните

Новите MacBook Air лаптопи со пониска цена од претходните

macbook-air-update

Kомпанијата „Apple“ на својата интернет страна претстави две најевтини верзии на „MacBook Air“ и тоа со 11-инчи и 13-инчи екрани, како и со 128 или 256GB меморија.

Моделот „MacBook Air“со 11-инчи ќе се продава по цена од 899 долари и има 128 GB меморија, а според цената претставува досега најевтиниот „MacBook“.

Во историјата на компанијата само еднаш цената на „MacBook“ беше 899 долари и тоа кога „Apple“ понуди специјален попуст за образовните институции.

Овој лаптоп е сличен на претходниот модел „MacBook Air“, но секоја верзија чини 100 долари помалку од својот претходник и има побрзи и понови процесори.„Air“ сега е достапен за купување преку интернет страната на „Apple“.

Инаку, во текот на првите три месеци од оваа година продадени се 4.1 милиони примероци на лаптопот „Mac“, што е пет проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Тоа е импресивен раст на продажбата со оглед на тоа дека во текот на минатата година за седум проценти опадна продажбата на компјутери со оперативниот систем „Windows“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар