1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали Apple планира револуција во изработката на тастатури?

Дали Apple планира револуција во изработката на тастатури?

tastatura ilu

„Apple“ можеби планира голема промена на стандардните компјутерски тастатури, т.е. доколку го примени неодамна предложениот патент.

Станува збор за тастатура за „notebook“ чии копчиња се всушност минијатурни дисплеји со сензори на допир.

Тастатурата би била слична на „Optimus Maximus“, извонреден хардверски дел за кој можеби сте чуле и кој претставува 1.600 долари вредна тастатура со „OLED“ дисплеји, наместо копчиња.

Меѓутоа, дизајнот на „Apple“ би можел да ги намали трошоците за компоненти и да ги направи таквите тастатури многу поповолни. Нормално, рано е да се дава било каква прогноза за тоа, дали и кога таа ќе стане дел од „Mac“ уредите, бидејќи нејзината изработка е многу сложена.

Додека тоа не се случи, можете да уживате во изгледот на „Optimus Maximus“ кој е на приложеното видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП